(Видео) Сиксерси без Ембид и Џорџ немоќни пред Лилард и Јанис

(Видео) Сиксерси без Ембид и Џорџ немоќни пред Лилард и Јанис

пред 7 часа

Милвоки Бакс славеа во Филалделфија, а Мемфис со повратникот во тимот Џа Морент во драматична завршница славеа кај Јута.

Без Џорл Ембид и Пол Џорџ, Филалделфија немаше шанси против расположениеот тандем на Бакс, Демијан Лилард-Јанис Адетокумбо (109:124).

Лилард со 30 поени најави дека ќе има подобра сезона од лани кога не се снајде најдобро по доаѓањето од Портланд. Тој постигна шест тројки, имаше девет скока и пет асистенции. Јанис натпреварот го заврши со 25 поени со само три промашувања, домаќинот немаше решение за пик-ен-ролот на Адетокумба и Лилард. Кај Филаделфија се истакна Тајрис Макси со 25 поени, Гершон Јабуселе дебитираше со 10 поени, 4 скока, три асистенции и по една украдена топка.

Мемфис запишна драматична победа кај Јута (124:126). Џа Морант постигна 22 поени и десет асистенции. Најефикасен кај Мемфис беше Шпанецот Санти Алдама со 27 поени. Јута ја предводеше Лаури Марканен со 35 поени и девет скока.

Резултати:

Детроит – Индијана 109:115
Атланта – Бруклин 120:116
Мајами – Орландо 97:116
Филаделфија – Милвоки 109:124
Торонто – Кливленд 106:136
Хјустон – Шарлот 105:110
Њу Орлеанс – Чикаго 123:111
Јута – Мемфис 124:126
Портланд – Голден Стејт 104:139

Share
Scroll to Top