Samsung вообичаено ја претставува својата нова серија на телефони Galaxy на почетокот на годината, па не е чудно што зголемениот број на информации што се појавуваат за моделите Galaxy S25.

Претходните рендери на телефонот сугерираа суптилни промени во дизајнот, а сега новите протекувања откриваат опции за боја за Samsung Galaxy S25 Ultra.

Како што сугерира дојавувачот Ice Universe, Galaxy S25 Ultra ќе биде достапен во црна, зелена, сина и титаниумска варијанта.

Црната и титаниумската верзија би можеле да бидат продолжение на моделите Titanium Black или Titanium Grey кои ги имаше S24 Ultra, додека пак сината и зелената варијанта се новитет.

Кога станува збор за спецификациите, Galaxy S25 Ultra треба да користи чип Snapdragon 8 Gen 4, заедно со 16GB RAM. Системот на камерата исто така треба да се подобри, со надградба на ултра-широк сензор од 50 MP.

Во областа на батеријата и полнењето, очекувајте 5000mAh и поддршка за полнење од 40W преку кабел, а сето тоа е исто како и кај моделот S24 Ultra.