Xiaomi е подготвен да ја претстави новата Mi TV 6 новата серија, која ќе дебитира во Кина на 28 јуни. Сега компанијата објави тизер за уште едно семејство телевизори, под името Mi TV ES 2022, кое ќе биде претставено на истиот датум. Објавени се и дополнителни информации за оваа серија.

Mi TV ES 2022 ќе има цена од околу 620 долари, а според наводите на Xiaomi, серијата ќе нуди неприкосновени функции во однос на ривалите од оваа категорија. Панелите ќе поддржуваат локално затемнување во повеќе зони, висока максимална осветленост и одлична прецизност на бои.

Покрај тоа, Mi TV ES 2022 серијата ќе ја краси тенко куќиште и рамки, со искуство на целосен екран. Вградените звучници ќе овозможат имерзивно мултимедијално искуство, а тука се и микрофоните за контрола со гласот.

Телевизорите се дизајнирани да работат добро со Xiaomi екосистемот на производи, а сертификувани се за заштита на очите и ниска емисија на сина светлина. Xiaomi Mi TV ES 2022 серијата ќе биде достапна во големини 55, 65 и 75 инчи.