Двејн Вејд, најголемиот кошаркар во историјата на Мајами Хит, а конкуренцијата е пеколна, апсолутно заслужено доби статуа пред салата во која играше цели 15 години и за тоа време ги донесе сите три шампионски титули на Флорида.
Прашањето е дали Двејн Вејд заслужи попристојна, поубава, поприкладна статуа од оваа која стои пред Касеја центарот.
Судејќи по снимката која доаѓа од другата страна на Атлантикот и самиот не можел да поверува што гледа.
Не се ни обиде да го скрие своето „неверување“.
Како што пишува на посветата зад „лутиот Двејн“, овој неповторлив кошаркар му донесе шампионски титули на Мајами во 2006, 2012 и 2013 година, беше прогласен за МВП играч на првата финална серија, 13 пати беше избран за Ол-стар изборот, двапати во најдобриот тим на лигата, во 2009 година беше прв стрелец во сезоната, беше избран меѓу 75-те најдобри играчи на сите времиња, неговиот дрес со број „3“ беше пензиониран во Мајами, а на сето ова мора да се додаде олимпиското злато од Пекинг во 2008 година и бронзата од Атина во 2004 година.
Идниот жител на „Куќата на славните“, роден на 17 јануари 1982 година во Чикаго, ја заврши својата кариера во 2019 година.
First Look of D Wade statue! pic.twitter.com/nIAUAgQyhw
— Heat Clips (@Demar305) October 27, 2024