Триумф на Германија во Киев, Шпанците славеа против Швајцарија

Триумф на Германија во Киев, Шпанците славеа против Швајцарија

пред 4 години

Германија и Шпанија забележаа победи во А-сегментот во Лигата на нации. Германија во Киев ја победи Украина со 2:1, додека Шпанија во Мадирд минимално славеше над Швајцарија со 1:0. Двата натпревари ги обележаа неверојатните грешки на голманите Бушан (Украина) и Зомер (Швајцарија).

Шпанците според очекувањата доминираа на теренот против Швајцарија, не реализираа неколку добр шанси, а единствениот гол го постигнаа по грешката на голманот Зомер, на Микел Ојерзабал не му беше тешко да постигне гол во 14 минута.

Германците по нерешените резултати против Шпанија и Швајцарија ја забележаа првата победа. Против Украина славеа со 2:1 благодарение на катастрофалната реакција на голманот Бушан кој му подари гол на Горецка во 48 минута.

Бушан во првото полувреме имаше неколку брилијантни интервенции со што ги спречи Германците по првиот дел да го решат победникот.

Првиот гол го постигна Гинтер во 20 минута, Горецка зголеми на 2:0, а голот за Украина е дело на малиновски во 77 минута од пенал.

На табелата во Групата 4 води Шпанија со седум поени, два повеќе од Германија, Украина има три, а Швајцарија еден поен.

Share
Scroll to Top