Fashion Group x Македонски Телеком: Зачувај ги засекогаш твоите најдобри модни моменти!

Fashion Group x Македонски Телеком: Зачувај ги засекогаш твоите најдобри модни моменти!

пред 2 месеци

Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.

Најновиот едиторијал со инфлуенсерката Илариа Кирилов е совршен показател за тоа. Сите кадри се направени токму со Samsung Galaxy S24, а резултатот се моќни и живописни фотографии и видеа кои на совршен начин го истакнуваат дизајнот на брендовите.

„Секој од нас сега може своите најдобри модни моменти да ги сочува било каде и било кога. Живееме во такво време кога сите посакуваме да имаме убави фотографии и да ги овековечиме моментите кога изгледаме и се чувствуваме добро, а сега тоа е уште поедноставно да се направи. Фотографирањето при шопинг во нашите продавници отсекогаш било честа појава, но со перформансите што ги нуди овој телефон, од следната посета на нашите брендови можете да направите  и да се пофалите со супер модни, професионални фотографии и да ги зачувате омилените комбинации“, посочуваат од групацијата.

Исто така, Fashion Group од неодамна е партнер и во Magenta Moments.

„Магента е бојата која секогаш привлекува внимание и радост, па среќни сме што со оваа соработка сите корисници на Телеком меѓу нашите купувачи ќе имаат шанса за нови интересни и поволни зделки, за уште порадосни моменти“.

Модната креативност нема граници, но сега е многу полесно да ја изразиме и сочуваме!

ПР

Share
Scroll to Top