Актерката Александра Дадарио стана мајка, сподели фотографија од бебето

Актерката Александра Дадарио стана мајка, сподели фотографија од бебето

пред 2 недели

Актерката Александра Дадарио (38) сподели убава вест на Инстаграм. Имено, таа со сопругот Ендру Форма стана мајка на своето прво дете, но не го откри името и полот на бебето.

Заедно со симпатична фотографија од бебе завиткано во болничко ќебе, покриено со разни чоколада, Дадарио напиша: „Мислев дека ова е необичен сад со бонбони“.

Дадарио и Форм случајно се запознале на улица во Њујорк за време на пандемијата на коронавирус, а на крајот на 2021 година се вериле. Тие се венчаа во 2022 година во Њу Орлеанс. Со овој брак, Дадарио стана и маќеа на двете деца на нејзиниот сопруг, синовите Роуан и Џулијан, кои Форм ги има од претходниот брак со актерката Џордана Брустер.

Share
Scroll to Top