Ја претепал сопругата затоа што не му се допаднало името кое му го дала на синот

Ја претепал сопругата затоа што не му се допаднало името кое му го дала на синот

пред 2 години

Триесет и едногодишниот Рики Морис ја претепал неговата сопруга Џоди Харис затоа што не му се допаднало името кое му го дала на син им. Немилиот настан се случил во мај, во трговски центар во Свонси, додека се шетала со бебето во количка. Ја нападнал и ја удирал во глава и лице.

Случајните минувачи кои побрзале да ѝ помогнат велат дека жената претрпела тешки повреди, пренесе британски „Мирор“. Рики и Џоди се знаеле од деца, а од јануари минатата година биле во врска. Таа на судењето сведочеше дека и двајцата за тоа време користеле наркотици.

„Тоа беше најтешкиот период во нашиот живот“, рече Џоди.

Неколку месеци откако ја започнале врската, Џоди била бремена и одлучила да прекине со дрогирањето. Морис кој за тоа време бил во затвор ѝ ветил дека ќе престане да користи наркотици откако ќе излезе. Тој не преинал, а Џоди го оставиле во август.

Во меѓувреме се породила, а Морис поради претходните престапи, му бил забранет и ограничен пристап до детето. Не му се допаднало името кое му го дала жена му, па почнал да ѝ испраќа пораки. На крајот ги видел во трговскиот центар каде почнал да се исмева со неговото име.

Кога Џоди не му дозволила да го земе, тој почнал да ја удира. Во меѓувреме таа се опоравила, а пред судот рекла дека се плаши да не ѝ биде одземено детето. Морис ја призна вината и ќе мине 26 недели во затвор. Доделена му е и забрана за доближување до Џоди во период од 2 години.

 

Share
Scroll to Top