Автобус во Индија падна во провалија, загинаа најмалку 15 луѓе

Автобус во Индија падна во провалија, загинаа најмалку 15 луѓе

пред 11 месеци

Патнички автобус излетал од патот во северна Индија и паднал во длабока клисура, при што загинале најмалку 15 луѓе, а повеќе од 25 се повредени, соопштија властите.

Несреќата се случила во областа Алмора во државата Утараханд.

Во автобусот имало повеќе од 40 луѓе, а досега се пронајдени 15 тела, изјави локален претставник.

Спасувачите се на терен, а се стравува дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи на местото на несреќата се уште има луѓе заробени.

Текстот Автобус во Индија падна во провалија, загинаа најмалку 15 луѓе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top