Џонсон зборуваше за Путин и рече: Сетете се како заврши Слободан Милошевиќ

пред 2 години

Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, реагираше на руската инвазија на Украина, воведувајќи „најголем сет санкции“, кои, како што вели, некогаш биле воведени од британската влада.

Џонсон таргетираше поединци со санкции, а цел беше и поранешниот зет на Путин. За време на своето обраќање, британскиот премиер рече дека Владимир Путин ја вратил војната во Европа.

Говорејќи во парламентот, Џонсон го спореди Путин со воениот злосторник Слободан Милошевиќ.

– Една од најфасцинантните работи што Путин ги прави е колку е блиска паралелата меѓу неговите потези и оние на Слободан Милошевиќ. Токму истите глупости што се продаваат за „мистичната“ заедница на Косово и Белград, Киев и Москва, токму истата агресија, а сетете се дека на судењето почина Слободан Милошевиќ – рече Џонсон.

Тој рече и дека постои можност Русија да нападне членка на НАТО и дека во тој случај неговата земја ќе излезе во одбрана на сојузникот на НАТО.

Инаку, Велика Британија претходно воведе санкции против тројца олигарси блиски до Кремљ и пет руски банки, како одговор на руското признавање на сепаратистичките региони во источна Украина.

Share
Scroll to Top