Изгаснат пожарот во најголемата нуклеарна центрла во Европа

пред 2 години

Украинските итни служби кажаа дека успеале да го изгаснат пожарот во најголемата нуклеарна централа во Европа, која ноќеска била нападната од руските сили. Како што објавија властите, пожарот бил предизвикан од неколкучасовното интензивно гранатирање и дека таму веќе нема борби.

Светските лидери и Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) го осудија нападот, додека САД го активираа својот Тим за одговор на нуклеарни инциденти. Оттаму додаваат дека се запалил петкатен тренинг објект и дека огнот не се проширил на самата централа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини Русите за намерно гранатирање на шесте реактори на централата, користејќи тенкови со термичко снимање, нагласувајќи дека тие сакаат да направат катастрофа како во Чернобил.

Од ИАЕА, која е под капата на Обединетите нации, кажаа дека пожарот не ја зафатил суштинската опрема на централата и дека не е забележано покачување на нивото на радијацијата.

Share
Scroll to Top