Ѓоковиќ ги откри плановите за наредната сезона

Ѓоковиќ ги откри плановите за наредната сезона

пред 6 дена

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги објави плановите за почетокот на наредната сезона. Актуелната веќе ја заврши, откако го откажа учеството на завршниот Мастерс, турнир на кој победи седум пати во кариерата.

Ѓоковиќ на тенисот ќе му се врати на почетокот на јануари наредната година, пред Австралија опен. Останува да одлучи на кој турнир ќе настапи.

„Ќе играм во првата недела од сезоната, не сум одлучил каде точно“, откри Ѓоковиќ во интервју за „Спортклуб“.

Потенцира дека не размислува да стави крај на кариерата и покрај тоа што не игра во финишот на сезоната. Ѓоковиќ покрај завршниот Мастерс го пропушти и Мастерсот во Париз.

„Тенисот е сè уште ми е во фокусот. Сега одиме на сериозни подготовки, па одново. Само требаше малку да се освежам по оваа година“, истакна Новак и додаде:

„Ги знаете целите. Тоа веќе ви го кажав илјада пати во интервјуата. Грен слем турнирите се мојата цел, а потоа би сакал да го играм и Дејвис купот, ќе видиме што ќе се случи“.

Share
Scroll to Top