Суперкласико заврши без победник – Навивачите на Бока тврдат дека духот на Марадона ги спасил од пораз

Суперкласико заврши без победник – Навивачите на Бока тврдат дека духот на Марадона ги спасил од пораз

пред 3 години

253 Суперкласико, дуелот помеѓу Бока јуниорс и Ривер Плејт, заврши без победник 1:1. Двата тима натпреварот го завршија со фудбалер помалку. Головите ги постигнаа Виља од пенал за Бока и Палавичино кој дебитираше за Ривер во најголемото дерби на аргентинскиот фудбал. Поради два жолти картони во второто полувреме беа исклучени Замбрано од Бока и Каско од Ривер.

Динамичното дерби, проследено со два гола, два црвени картони и многу тензија, ќе се прераскажува поради ситуацијата која се случи во последната минута минута.

Ривер имаше контранапад, топката беше нафрлена пред голот на Бока, се случи мал карамбол, на крајот таа се одби од главата на еден од домашните фудбалери, тргна кон празната мрежа, кога необјасниво го смени движењето и Бока се спасија од пораз.

Навивачите на Бока јуниорс, тврдат, дека духот на Диего Марадона, не дозволил топката да влезе во голот.

 

Share
Scroll to Top