Трамп: „Има многу лоши гени кај мигрантите во САД“

Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација

пред 2 месеци

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека од поранешната републиканска кандидатка за претседател, Ники Хејли, и од поранешниот државен секретар, Мајк Помпео, нема да биде побарано да ѝ се приклучат на неговата администрација.

„Нема да ги поканам поранешната амбасадорка Ники Хејли и поранешниот државен секретар Мајк Помпео да ѝ се приклучат на администрацијата на Трамп, која во моментот се формира“, објави Трамп на социјалните мрежи. „Многу уживав и ја ценав работата со нив во минатото и би сакал да им се заблагодарам за нивната услуга за нашата земја“.

Трамп се среќава со потенцијалните кандидати што ќе служат во неговата администрација пред инаугурацијата како претседател на 20 јануари. „Ројтерс“ во петокот објави дека Трамп се сретнал со истакнатиот инвеститор Скот Бесант, кој е потенцијален кандидат за министер за финансии на САД, пишува „Гласот на Америка“.

Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина, која служеше како амбасадор на САД во Обединетите нации за време на Трамп, го поддржа Трамп за претседател и покрај тоа што жестоко го критикуваше кога се кандидира против него на прелиминарните избори на партијата.

Помпео, кој исто така служеше како директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) за време на Трамп, беше споменуван во некои медиумски извештаи како можен секретар за одбрана, а исто така се сметаше за потенцијален републикански претседателски кандидат пред да објави во април 2023 година дека нема да се кандидира.

Хејли и Помпео не можеа да бидат контактирани за коментар во саботата, пренесува медиумот.

За време на својот прв претседателски мандат Трамп даде некои клучни кадровски најави преку објави на социјалните мрежи.

Одделно, Трамп рече дека со претседателската инаугурација во 2025 година ќе претседаваат инвеститорот на недвижности и донатор на кампањата, Стив Виткоф, и поранешната сенаторка Кели Лофлер.

Текстот Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација е превземен од МАКФАКС.