„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

пред 3 години

Вакцината на „Модерна“ делува и против новите видови на коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа фармацевтска компанија. Како што пренесува Би-би-си, раните лабораториски тестови сугерираат дека антителата произведени како резултат на вакцината препознаваат и се борат против новите соеви на вирусот.

Но, потребни се повеќе студии за да се докаже дека ова е вистина, особено за луѓето кои веќе биле вакцинирани.Новите соеви на коронавирусот се шират побрзо во голем број земји и мутираат, што значи дека можат полесно да ги заразат луѓето отколку оригиналната верзија на коронавирусот.Експертите проценуваат дека сојот на вирусот во Велика Британија, кој се појавил во септември, е можеби и до 70 проценти позаразен.

Share
Scroll to Top