Бомбаш самоубиец уби 12 војници и рани неколку други откако активираше возило полно со експлозив на безбедносен контролен пункт во северозападен Пакистан, соопштија денеска официјални лица.
Нападот, еден од најсмртоносните во последните месеци, се случи во вторникот вечерта во Бан, област во провинцијата Хајбер Пахтунхва.
Во соопштението на армијата се наведува дека во престрелка на лице место биле убиени шестмина „Хавариџ“, односно пакистански талибанци.
„Обидот да се влезе во контролниот пункт беше ефикасно спречен од нашите војници, кои принудија еден Хариџит да удри со возило натоварено со експлозив во безбедносниот пункт“, се вели во соопштението.
Текстот Во Пакистан 12 војници загинаа во самоубиствен напад е превземен од МАКФАКС.