Холандија ги испрати последните два од вкупно 18 ветени борбени авиони Ф-16 на обука во Романија, каде се обучуваат украински пилоти и персонал за одржување на авиони, соопшти холандското Министерство за одбрана.
Холандија, исто така, вети дека ќе и испорача 24 Ф-16 на Украина. Холандската влада во септември објави дека следната година ќе го зголеми буџетот за одбрана за повеќе од 10 проценти.
Netherlands delivers final two promised F-16's for training Ukrainian pilots https://t.co/VDBljij2ds
— ST Foreign Desk (@STForeignDesk) November 20, 2024
Украина почна да го користи првиот контингент борбени авиони Ф-16 што ги доби од западните земји во август. Се очекува тие да добијат вкупно 65 од овие авиони во текот на оваа и следната година.
Четири европски земји, Белгија, Данска, Холандија и Норвешка, испратија голем број од нивните авиони Ф-16 што ги купија од САД. Украинските власти повеќе од две години бараат од западните земји да им ги испратат тие американски авиони.
Текстот Холандија ги испрати последните два авиони Ф-16 за обука на украински пилоти во Романија е превземен од МАКФАКС.