Четири лица, меѓу кои и две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и заринка на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, а бројот на патниците на бродот сè уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража почна спасувачка операција користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.
Текстот Четири лица загинаа, меѓу кои и две деца, во бродска несреќа во близина на Самос е превземен од МАКФАКС.






