Без струја останаа триесетина села од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар

Без струја останаа триесетина села од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар

пред 2 месеци

Без електрична енергија се пелагониските села, а во моментов без напојување со струја се соочуваат жителите на триесетина села од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар.

Според кол-центарот на ЕВН, струја нема во селата Драгарино, Црнобуки, Секирани, Гопеш, Стрежево, Породин, Лажец, Драгош, Дихово, Нижо Поле, Ѓавато, Маловиште, Мусинци, Црничани, Рапеш, Новаци, Бач, Живојно, Гермијан, Брод, Добромири, Кукуречани, Жван, Бабино, Илино, Граиште, Бараково и Вардино.

Струја нема ниту на ски-лифтот Пелистер, како и на местото викано Антена.

Тимовите на електродистрибуција работат на терен со цел да обезбедат непречено снабдување со електрична енергија.

Текстот Без струја останаа триесетина села од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top