За еден ден казнети 233 возачи во Битола

пред 4 години

Полицијата вчера (17. октомври) спровела засилена сообраќајна контрола на територијата на Битола, информират од МВР.

Притоа, изречени биле вкупно 233 санкции, меѓу кои 27 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 40 за возење без возачка дозвола, 34 за пречекорување на брзината.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Share
Scroll to Top