(Видео) Јокиќ и Дончиќ со по трипл-дабл – Денвер загуби во Кливленд, Далас го победи Вашингтон

(Видео) Јокиќ и Дончиќ со по трипл-дабл – Денвер загуби во Кливленд, Далас го победи Вашингтон

пред 3 недели

Кошаркарите на Кливленд ја забележаа третата победа во низа. Овој пат тие ги победија Денвер Нагетс со 126:114 (37:27, 29:35, 36:25, 24:27).

На гостите не им помогна ниту новата одлична игра на лидерот во трката за МВП наградата, Никола Јокиќ. Србинот забележа нов трипл-дабл, имаше 28 поени, 20 скока и 11 асистенции.

Со овој трипл-дабл Јокиќ го престигна Меџик Џонсон на вечната листа и сега има 139 трипл-дабл натпревари во кариерата. Кливленд го реши мечот во третиот период серија од 11:0, кога се одлеи на разлика од 18 поени.

Кај домашните најефикасен беше Донован Мичел со 28 поени, додека пак Мајкл Портер Јуниор му помогна на Јокиќ со 24 поени.

Кливлен со 20 победи и три порази е лидер во лигата, Денвер има скор од 11 победи и девет порази.

Далас Маверикс ги совладаа Вашингтон Визардс со 137:101 (31:22, 37:28, 34:27, 35:24) и на крилата на Лука Дончиќ ја постигнаа 15-та сезонска победа.

Дончиќ забележа нов трипл-дабл. Тој постигна 21 поен и имаше по десет скока и асистенции. Добар натпревар одигра и Кајри Ирвинг кој постигна 25 поени.

Share
Scroll to Top