(Видео) Милвоки и Оклахома ќе се борат за трофејот во НБА купот

(Видео) Милвоки и Оклахома ќе се борат за трофејот во НБА купот

пред 4 недели

Кошаркарите на Милвоки Бакс и Оклахома ситиТандер се пласираа во финалето на НБА купот. Во Лас Вегас, Бакс славеа над Атланта Хокс со 110:102, а Оклахома го совлада Хјустон со 110:96.

Бакс во неизвесен натпревар успеаја да ги победата Хокс. На крилјата на Јанис Адетокумбо и Демијен Лилард, Бакс ги издржаа налетите на Атланта. Јанис постигна 32 поени, 14 скока и девет асистенции, а го следеше Демијан Лилард со 25 поени, шест скока и седум асистенции.

Најдобар кај Хокс беше Тре Јанг со 35 поени, седум скока и 10 асистенции.

Оклахома против Хјустон дојде до победата благодарение на одличната игра во третиата четвртина во која стекна двоцифрена предност.

Најдобар играч во победничкиот тим беше Шеј Гилџес-Александер со 32 поени, осум скока, шест асистенции и пет украдени топки. Хартенштајн додаде 21, а Џејлен Вилијамс постигна 20 поени.

На другата страна Ајмен Томпсон постигна 19, а Дилон Брукс и Џабари Смит по 14 поени.

Финалето на НБА купот помеѓу Оклахома и Милвоки ќе се одигра во вторник од 02:30 часот по средноевропско време.