Потегот на Мектоминеј – непотребно потценување или вистински победнички дух?

Потегот на Мектоминеј – непотребно потценување или вистински победнички дух?

пред 3 години

Фудбалските фанови се поделени околу однесувањето на шкотскиот фудбалер Скот Мектоминеј на вчерашниот меч помеѓу Манчестер јунајтед и Саутемптон, кога тој по постигнувањето на деветтитот гол (при неверојатната 9:0 победа), побара веднаш да се земе топката и да се однесе на центарот за да се тргне во потера на десетти гол.

Дали ова е покажување на вистинскиот победнички дух и „незаситноста“ за голови, победи и титули, како што сметаат дел од навивачите на „ѓаволите“ или е краен показател на непочитување на противникот и желба за понижување, посебно бидејќи во тие моменти Саутемптон веќе играше со два играчи помалку.

Инаку 9:0 победата е израмнување на рекордната победа во историјата на Премиер лигата и со дополнителен гол ќе се постигнеше првиот двоцифрен број на голови од еден клуб на еден англиски меч.

Вашето мислење?

Share
Scroll to Top