Робот со вештачка интелигенција е создаден во Австралија за употреба во сточарството.
Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј создадоа SwagBot, робот со вештачка интелигенција (AI) за кој велат дека е на пат да го направи сточарството поефикасно и еколошки прифатливо, со спречување на деградација на земјиштето.
SwagBot првпат беше лансиран во 2016 година како едноставен робот за добиток способен да минува низ груб терен, а сега е опремен со сензори, вештачка интелигенција и системи за машинско учење.
Роботот во облик на крава кој работи на батерија сега може да го одреди квалитетот на пасиштата и да го следи здравјето на добитокот, а потоа да ги користи тие информации за да го премести стадото на најдобрите пасишта пред да се деградира земјиштето на кое се наоѓа, објави Ројтерс.
„Штом стадото ќе се навикне на роботот, ќе го следи низ пасиштата“, рече професорката по роботика на Универзитетот во Сиднеј, Сала Сукарије, чиј тим го создаде SwagBot.
Австралија е еден од најголемите светски извозници на говедско месо и има околу 30 милиони грла говеда.
Употребата на роботи во сточарството во Австралија е особено погодна за оддалечени локации каде што е тешко да се најде работна сила.