(Видео) Полугола активистка во Ватикан се обиде да украде статуа на Исус

(Видео) Полугола активистка во Ватикан се обиде да украде статуа на Исус

пред 2 години

Активистка на движењето „Фемен“ се префрли преку бариера и се обиде да земе фигурина од местото на Христовото раѓање на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пишуваат италијанските медиуми.

Безбедносните лица ја приведоа жената. „Фемен“ објасни дека чинот бил протест против руското киднапирање на преку 700.000 украински деца.

Организацијата го обвини папата и меѓународните институции за неактивност.

Според она што полициски извори го известиле за АНСА, жената, 25-годишна украинска државјанка, била уапсена под обвинение дека дала отпор и повредила јавен службеник. Таа била пријавена и за непристојни дејствија на јавно место.

Текстот (Видео) Полугола активистка во Ватикан се обиде да украде статуа на Исус е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top