Претседателот на САД, Џо Бајден, нема да спроведе забрана на платформата за социјални медиуми „Тик-ток“, која треба да стапи во сила еден ден пред да ја напушти функцијата в понеделник, изјави вчера неименуван американски функционер. Судбината на апликацијата на тој начин останува во рацете на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, пишува АП.
Минатата година, Конгресот, во нацрт-законот потпишан од Бајден, побара од кинеската матична компанија на „Тик-ток“, „Бајтденс“, да ја продаде компанијата до 19 јануари, ден пред инаугурацијата на новиот претседател. Официјалниот претставник рече дека администрацијата во заминување му го препушта спроведувањето на законот – и можното спроведување на забраната – на Трамп.
Службеникот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, даде детали за внатрешните планови на администрацијата на Бајден. Трамп, кој претходно повика на забрана на апликацијата, оттогаш вети дека ќе ја осигури нејзината достапност во САД, иако неговиот транзициски тим допрва треба да открие како планираат да го постигнат тоа.
Извршниот директор на „Тик-ток“, Шоу Жи Чу, се очекува да присуствува на инаугурацијата на Трамп и да добие истакната позиција, а советникот за национална безбедност на Трамп ја сигнализира можноста новата администрација да преземе чекори за да спречи исклучување на „Тик-ток“, според АП.
Извршниот директор на „Тик-ток“ се очекува да седи заедно со други технолошки лидери, вклучувајќи ги Илон Маск, извршен директор на „Спејс Икс“, Марк Цукерберг, извршен директор на „Мета“, Сем Алтман, извршен директор на „Опен АИ“, и основачот на „Амазон3, Џеф Безос, според извори блиски до инаугурацијата.
Joe Biden now says they won’t enforce the TikTok ban on January 19
They are leaving it up to Donald Trump to figure it out
“Our position on this has been clear: TikTok should continue to operate under American ownership … it will be up to the next administration to… pic.twitter.com/GdtMezw7Km
— Culture Crave
(@CultureCrave) January 16, 2025
Новоименуваниот советник за национална безбедност, Мајк Волц, вчера изјави за „Фокс њуз“ дека федералниот закон, кој може да го забрани „Тик-ток“ до недела, исто така „дозволува продолжување доколку има остварлив договор на маса“.
Напорите да се спаси „Тик-ток“, како и обидите да се забрани во САД, имаат поддршка од двете страни на политичкиот спектар. Демократскиот лидер во Сенатот, Чак Шумер, рече дека разговарал со Бајден за можноста за продолжување на забраната.
JUST IN: The Biden administration signals it won’t enforce the TikTok ban, will let the Trump administration deal with it, according to ABC News.
Good.
“Our position on this has been clear: TikTok should continue to operate under American ownership. Given the timing of when it… pic.twitter.com/YjYPP62DWs
— Collin Rugg (@CollinRugg) January 16, 2025
„Јасно е дека е потребно повеќе време за да се најде американски купувач и да се избегне нарушување на животот на милиони Американци и на многубројни инфлуенсери, кои изградија силна мрежа на следбеници“, рече Шумер вчера во Сенатот.
Демократите се обидоа да донесат закон во средата, со кој ќе се продолжи рокот, но републиканскиот сенатор Том Котон од Арканзас го блокира предлогот. Котон, претседател на Комитетот за разузнавање на Сенатот, рече дека „Тик-ток“ имал доволно време да најде купувач.
„’Тик-ток’ е кинеска комунистичка шпионска апликација, која ги заробува нашите деца, ги собира нивните податоци, ги таргетира со штетна содржина и шири комунистичка пропаганда“, рече Котон.
Минатата недела Врховниот суд сослуша усни аргументи во правно оспорување на законот поведен од „Тик-ток“, „Бајтденс“, и од корисниците на апликацијата, пренесе АП. Се чини дека судот ќе го поддржи законот, кој бара од „Бајтденс“ да го продаде „Тик-ток“ врз основа на националната безбедност или ќе се соочи со забрана на еден од најголемите пазари.
.@SenMarkey: “Today, Senator Booker, Senator Van Hollen and I have sent a letter to President Biden urging him to trigger a provision in the statute to extend the TikTok deadline by 90 days. TikTok has become an integral part of our lives…” pic.twitter.com/gZnHJKs6RY
— CSPAN (@cspan) January 16, 2025
„Ако Врховниот суд пресуди во корист на законот, претседателот Трамп јасно стави до знаење дека, прво, ‘Тик-ток’ е одлична платформа што ја користат многу Американци и која ѝ помогна на неговата кампања и, второ, тој ќе ги заштити нивните податоци“, рече Волц во средата.
„Тој е преговарач. Не сакам да прејудицирам за извршните наредби, но создаваме простор да постигнеме договор“, додаде тој.
Во средата, Пем Бонди, изборот на Трамп за државен обвинител, избегна да одговори на прашање за време на сослушувањето во Сенатот за тоа дали ќе поддржи забрана на „Тик-ток“.
Трамп го промени својот став за популарната апликација откако се обиде да го забрани за време на својот прв мандат поради загриженост за националната безбедност. За време на претседателската кампања во 2024 година тој се приклучи на „Тик-ток“, а неговиот тим го искористи за да се поврзе со помладите гласачи, особено со младите мажи, промовирајќи содржини со цел да станат вирални. За време на кампањата тој вети дека ќе го спаси „Тик-ток“ и ѝ припиша заслуга на платформата за освојување повеќе гласови од младите.
Текстот (Видео) Бајден ќе му ја остави одлуката за забрана на „Тик-ток“ на Трамп е превземен од МАКФАКС.

(@CultureCrave) 




