Пет лица се повредени денеска во напад на израелско беспилотно летало врз градот Мајдал Селм во јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.
Вчервечер израелските воздушни напади повредија 24 лица во Набатие, голем град во јужен Либан, јавува „Ројтерс“.
Израелската војска соопшти дека цел биле возила на Хезболах, кои носеле оружје на периферијата на Набатија.
По нападот на Набатија, високиот функционер на Хезболах, Мохамед Рад, рече дека правото на либанскиот народ да се спротивстави на израелските напади е свето и легитимно.
Тој нагласи дека ова право „треба да се оствари кога ќе се оцени дека е неопходно за да се заштити безбедноста на земјата“.
Либанскиот Хезболах и Израел се согласија за прекин на огнот кон крајот на ноември минатата година ставајќи крај на повеќемесечниот конфликт предизвикан од војната во Газа.
САД во неделата соопштија дека договорот меѓу Либан и Израел, кој вклучува првичен период од 60 дена за повлекување на израелската војска, ќе остане во сила до 18 февруари, што е продолжување на рокот 26 јануари претходно договорен.
Текстот Израел повторно го нападна јужниот дел на Либан е превземен од МАКФАКС.






