Дури 7 пати го прекршил карантинот во рок од 3 дена, добил огромна парична казна

пред 3 години

Жител на Тајван е казнет со 35.000 долари откако повеќе пати ја прекршил мерката за домашен карантин поради Ковида-19.

Неименуван човек, од Таичунг во Тајван, бил во домашен карантин во станбената зграда во која живее, откако се вратил од службено патување во Кина, и го прекршил најмалку седум пати, пишуваат локалните медиуми, а пренесува „Си-ен-ен“.

Градоначалникот на Таичунг ја проценил постапката како сериозно прекршување и додал дека човекот „мора да биде казнет со строга казна.

Според извештаите во медиумите, човекот ја напуштил својата станбена зграда седум пати за само три дена карантин за да оди на шопинг, да го поправа автомобилот и уште многу нешта, и наводно се судрил со еден од неговите соседи кој се обидел да го спречи во кршење на мерката, наведува „Си-ен-ен“.

Локалните власти во Таичунг потврдија дека човекот се вратил дома од патот на 21 јануари, а прописите на Тајван бараат 14-дневен карантин како задолжителна мерка против Ковид-19.

Share
Scroll to Top