Москва: Имаме посилни нерви од ЕУ за енергетски застој

пред 2 години

Русија има посилни нерви од ЕУ за енергетски застој, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Москва е подготвена за силен ќор-сокак во енергетскиот сектор доколку ЕУ продолжи со своите планови да се откаже од рускиот гас, нафта и јаглен, изјави висок претставник на Министерството за надворешни работи.

„ Русија останува сигурен снабдувач на енергетски ресурси, гарант за енергетска безбедност од светска класа“, изјави за Интерфакс, Николај Кобринец, шеф на Одделот за европска соработка.

„ Ние ја цениме оваа репутација, но подготвени сме за остар конфликт во енергетскиот сектор, доколку е потребно“, рече тој.

Share
Scroll to Top