Сиљановска Давкова и оддаде почит на Фросина: Апел за надлежните да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата

Сиљановска Давкова и оддаде почит на Фросина: Апел за надлежните да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата

пред 1 година

Советот на млади, со учество на претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска организираше панел дискусија по повод пет години од донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики.

Присутните го започнаа настанот со едноминутен молк како оддавање почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна.

„На денешниот настан, со едноминутен молк оддадовме почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна. Апелираме до надлежните институции што е можно побрзо да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата. Младешкото знаење и креативност може да дојде до израз само во безбедно општество“, вели Сиљановска Давкова.

Текстот Сиљановска Давкова и оддаде почит на Фросина: Апел за надлежните да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top