Ковачевски-Бренан: Капацитетите и поддршката на ИРИ во процесот на реформи важни за развојот на нашето општество

пред 2 години

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, заедно со генералниот секретар Миле Зечевиќ попладнево се сретна со новиот директор на Меѓународниот републикански институт за Македонија, Крис Бренан.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми и поддршката на ИРИ во процесот на реформи за развој на демократијата во општеството. Претседателот Ковачевски му посака добредојде на директорот Бренан, заблагодарувајќи му се за она што Институтот го има реализирано за земјава, но и заедно со СДСМ.

„ ИРИ и за СДСМ и за Северна Македонија е долгогодишен сериозен партнер кој досега давал придонес во важни процеси како за институциите на државата, така и за СДСМ. Секој проект, истражување и препорака од ИРИ, за СДСМ носеле резултати и позитивно влијаеле врз функционирањето на партијата. Како партија, но и како Влада сериозно сметаме на капацитетите и поддршката на ИРИ во процесот на реформите кои се важни за нашето општество.“ порача Ковачевски.

Осврнувајќи се на актуелната политичка состојба, Ковачевски истакна дека фокус на новата Влада е решавање на енергетската и економската криза преку ефикасни навремени мерки и политики, како и продолжување на евро-атланскиот пат.

„ Успеавме да ја решиме кризата со топлинска енергија во Скопје, имаме одговор на глобалната енергетската криза преку максимална мобилизација на сите домашни производствени капацитети. Паралелно на тоа работиме на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, ликвидност на компаниите и економски раст. Оваа година ќе се посветиме на капитални инвестиции кои ќе креираат забрзан раст на економијата“ посочи претседателот Ковачевски додавајќи дека сега не е време за предвремени избори, туку за поангажирана и поефикасна работа на сите полиња.

Директорот на ИРИ, Бренан му го честиташе мандатот на претседателот Ковачевски, изразувајќи надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина.

Share
Scroll to Top