Скопје доби регионален Центар за извонредност на стручно образование и зелени иновации

пред 2 години

На Машинскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се отвори нов Центар за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации, кој е единствен од ваков вид во регионот. Овој центар се воспостави и функционира во тесна соработка со уште три центри од ист вид кои се наоѓаат во Австрија, Финска и во Португалија. Четирите центри се основани во изминатите четири месеци во рамките на Проектот „Европска платформа за извонредност за зелени иновации и стручно образование и обука – GREENOVET”.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Со одлука на Машинскиот факултет потпишана на 30.12.2021, се уредува организација на Центарот за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации, со чии активности ќе раководи доц. д-р Трајче Велковски.

„ Ни претставува чест и задоволство да ја информираме јавноста дека се отворени сите четири центри предвидени со проектот, во Скопје, во Штаерска – Австрија, Васа – Финска и во Лерија – Португалија. Центрите се интегрираат преку интернационална платформа каде ќе соработуваат и ќе имаат можност за размена на искуства и знаења. Во тек е формирање на интернационален комитет со експерти од областа на зелени иновации од секој регион, чија цел е да ја зајакне меѓународната соработка и да придонесе кон обезбедување одржливост на центрите“, изјави доц д-р Велковски, кој за во јуни ја најавува и правата меѓународна активност на Центарот во Скопје.

„ Партнерските организации од другите четири земји доаѓаат во Скопје на првата работилница за градење на капацитетите на центрите. Оваа работилница ќе трае пет дена и ќе биде организирана во просториите на Машинскиот факултет каде се очекува покрај размената на искуствата помеѓу партнерите да бидат присутни и светски експерти од областа на развој на зелени иновации кои ќе ги споделат своите искуства и знаења. Градењето на капацитетите на партнерските организации вклучени во реализацијата на проектот е еден од клучните фактури за успех на Центарот на долгорочно ниво и претставува значаен чекор кон поставувањето на модел за самоодржливост на истиот”, објасни доц. д-р Велковски.

Покрај Машинскиот факултет во активностите за основање на Центарот за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации како проектни партнери се вклучени Сојузот на стопански комори на Македонија, АСУЦ „Боро Петрушевски, Раде Кончар ТЕП и Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење.

Центарот има за цел да овозможи соодветно управување со знаењето, ресурсите и инфраструктурата на сите засегнати страни и да придонесува за регионален економски раст преку промоција на еколошки и одржливи иновативни процеси овозможени со стручно образование и обука. Центарот преку своето делување обезбедува на наставниците, учениците, компаниите и на општеството подобри можности за адаптација и имплементација на зелена транзиција, како и подобра врска меѓу индустријата и образовните институции со цел да се надомести недостигот на компетенции за развој на зелени иновации.

Центрите за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации претставуваат можност за надминување на недостигот на стручен и квалификуван кадар за развој на зелени иновации, кој е голем предизвик со кој се соочува бизнис секторот, не само кај нас туку и пошироко во Европа. Со ваквата поддршка бизнисите се насочуваат кон зелена транзиција, способни да одговорат на брзо растечките потреби кои динамично се менуваат и прошируваат. Преку соработката што ќе ја овозможи Центарот меѓу бизнис заедницата и чинителите во стручното образование и обука ќе се придонесе кон зголемување на атрактивноста на стручните училишта и привлекување на поголем број на ученици.

Share
Scroll to Top