Лефков: Судскиот совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за неа

Лефков: Судскиот совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за неа

пред 3 дена

Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата. Возачот убиец кој ја усмрти младата Фросина Кулакова, дента наместо во возило требал да биде во затвор, ако судијката Даниела Алексовска Стојановска, наместо во поправен дом го испратила во затвор како што според закон и требала да постапи, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Возачот убиец бил фатен за трговија со наркотици, и по ниту еден основ не можел да заврши во поправен дом. Судскиот совет да не чека да помине време, туку веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, а ЈО да отвори постапка за истата како и зошто досудила таква одлука“, вели Лефков и додава:

„ЈО и судството немаат повеќе слободно време, народот очекува да се фатат за работа и спроведување на законот. Одговорност мора да има“.

Текстот Лефков: Судскиот совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за неа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top