Утре сончево и потопло, од наредните денови следи затоплување

пред 3 години

Утре времето ќе биде сончево со мала локална облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, соопштува УХМР.

Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од Управата информираат дека во наредните денови следи период на потопло време, а значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Во почетокот на наредната седмица ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

Share
Scroll to Top