Велосипедистка заврши во болница – удрила во отворена врата на такси, возачот избегал

пред 3 години

Во пладневните часови на 19 мај во скопската полиција било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Св. Климент Охридски“ со улицата „Пиринска“ во Скопје, велосипедистка Е.П. (50) удрила во отворена врата од запрено такси возило, кое по незгодата го напуштило местото.

Жената била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top