Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

пред 7 часа

Меѓуградски автобус се излизгал од патот во турската провинција Анталија, при што се повредени 33 лица, јави денеска ТРТ Хабер.

Несреќата се случила во областа Газипаша, во моментот кога автобусот се движел од Анталија кон Адијаман во источна Турција.

„Возачот на автобусот изгубил контрола, а возилото се излизгало од патот во ендек. Во несреќата се повредени над 30 патници, како и возачот и двајца негови помошници“, објави ТВ каналот.

Осуммина од повредените се малолетни.

Повредените се префрлени во блиските болници, додава ТРТ.

Текстот Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top