Полициски службеници во Загреб спроведоа кривична истрага против 34-годишен маж поради сомнение за сторени кривични дела тешка телесна повреда, оштетување туѓ имот и насилничко однесување врз жени на возраст од 20, 30 и 65 години.
34-годишниот осомничен во средата, 5 февруари, околу 18.45 часот, на подрачјето на Медвешчак, се сомничи дека извршил кривично дело тешка телесна повреда на тој начин што физички нападнал случајни минувачи додека се движел по улицата мавтајќи со рацете и удирајќи во нив. А со намера тешко да ја повреди, се доближил до жена и со лакотот ја удрил во лицето и тешко ја повредил, при што таа паднала на земјата, јавуваат тамошните медиуми.
Од ударот ѝ ги оштетил очилата на жртвата и со тоа сторил кривично дело оштетување туѓ имот, јавува загрепската полиција.
Потоа тој продолжил и сторил исто кривично дело со насилничко однесување на начин што одејќи
по улицата, се доближил до 30-годишна жена, која стоела пред банката и без повод ја фатил за главата и ја ударил во банкоматот по што таа успеала да се извлече, но тој повторно се обидел физички да ја нападне, жената успеала да побегне со тоа што влегла во продажен објект и побарала помош.
Напаѓачот потоа пред трамвајска станица во близина на објект за давање услуги за сместување се упатил кон 20-годишна жена и без причина ја удрил со телото, односно физички ја нападнал, при што повредената жена паднала на земјата и добила полесни повреди.
Осомничениот на местото на настанот бил задржан од двајца граѓани до пристигнувањето на полициските службеници, кои го привеле.
Текстот Удрил жена со лакотот в лице, фатил девојка за главата и ја удрил од банкоматот: напаѓал жени во центарот на Загреб е превземен од МАКФАКС.






