Поранешниот извршен директор на „Гугл“, Ерик Шмит, изјави дека е загрижен оти вештачката интелигенција би можела да биде искористена од терористи или непријателски држави за да им наштетат на невини луѓе.
„Вистинските стравови што ги имам не се оние за кои повеќето луѓе зборуваат со вештачката интелигенција, јас зборувам за екстремен ризик“, изјави Шмит за Би-би-си.
Технолошкиот милијардер, кој беше на високи позиции во „Гугл“ од 2001 до 2017 година, рече дека Северна Кореја или Иран, па дури и Русија, би можеле да ја усвојат и злоупотребат технологијата за создавање биолошко оружје.
Со оглед на тоа дека развојот на вештачката интелигенција е воден од приватни компании, Шмит повика владите внимателно да ги следат и регулираат овие процеси.
„Навистина е важно владите да разберат што правиме и да нè држат под надзор“, рече тој.
Текстот Поранешен извршен директор на „Гугл“: Терористите би можеле да користат вештачка интелигенција е превземен од МАКФАКС.