Туск: Полска е побезбедна кога Украина може да се одбрани

Туск: Полска е побезбедна кога Украина може да се одбрани

пред 1 година

Суверена, прозападна Украина, која може да се брани, значи и посилна и побезбедна Полска, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина.

„Во политичките превирања и растечкиот хаос, тоа значи најмногу. Кој ја доведува во прашање оваа очигледна вистина, придонесува за триумфот на рускиот претседател Владимир Путин“, напиша Туск на платформата Х, пренесе Ројтерс.

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Павел Врноски, денеска изјави за новинарите дека Трамп ја донел одлуката да ја прекине помошта за Украина без да се консултира со сојузниците.

Текстот Туск: Полска е побезбедна кога Украина може да се одбрани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top