Стотина бели ружи доби Шенон Доерти за годишнината од брак

Стотина бели ружи доби Шенон Доерти за годишнината од брак

пред 4 години

Глумицата и ѕвезда од серијата „Беверли Хилс“, Шенон Доерти, за својата годишнина од брак, добила посебен подарок. Американските медиуми пишуваат дека таа од својот сопруг, филмскиот продуцент Курт Исвариенко, го добила најубавиот подарок и дека се разбудила со стотина ружи.

„Шенон се разбуди со 101 прекрасна бела ружа. Курт ѝ ја купи најомилената чоколада па ѝ кажа дека така ќе морала да го започне денот. Во кујната ја дочекал и албум во кој Курт ги собрал сите нивни девет години. Потоа во фрижидерот пронашла прекрасна огрлица, со вгравирано „Те сакам“. Курт навистина се потруди да ја направи среќна, затоа што е свесен дека тоа можеби е нивната последна годишнина од брак“, открил извор близок до двојката за медиумите.

Шенон во 2015 година откри дека боледува од рак на дојка. Канцерот се раширил на нејзините лимфни чворови. Во февруари годинава, таа откри дека болеста повторно и се врати и дека е во четвртиот стадиум. Глумицата поминува низ тежок период, но знае дека не е сама во оваа борба, вели изворот. Со неа постојано е Курт.

Двајцата пред девет години се обврзаа на доживотна љубов, а Шонен по тој повод на Курт му посвети објава на социјалните мрежи. Таа објавила фотографија на која позира со него додека јаваа на коњи.

„Секогаш ќе бидеш мојот каубој. Те сакам. Среќна годишнина“, напишала Шенон.

Share
Scroll to Top