Криза – четврта нула за Барди и Леванте, паднаа и во Билбао

Криза – четврта нула за Барди и Леванте, паднаа и во Билбао

пред 4 години

Лош старт на сезоната има шпански Леванте, а во сивилото на екипата се вклопи и македонскиот фудбалски интернационалец, Енис Барди.

По 5 кола од новата сезона, Леванте се претпоследни со само 3 бода (една победа против Осасуна) и дури 4 неуспеси. Последниот, предмалку во Билбао од Атлетик со 2-0.

Барди беше во составот се до 82 минута, но не успеа својот тим да го спаси од нов пораз.

Домаќините во водство од 1-0 дојдоа во 68 минута со голот на Беренгуе. По 5 минути уште еднаш ја затресоа мрежата на клубот од Валенсија, но голот беше поништен поради офсајд.

Сепак, во 79 минута Инаки Вилијамс ја матираше гостинската одбрана и го постави конечниот резултат.

За тимот од Билбао денешната беше втора победа, а досега имаат и 3 порази во шампионатот.

Во првиот денешен дуел од Ла Лига, Еибар и Осасуна ремизираа без голови.

Share
Scroll to Top