Предложено е спојување на Фондот за иновации со Агенцијата за поддршка на претприемништво

Предложено е спојување на Фондот за иновации со Агенцијата за поддршка на претприемништво

пред 1 година

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реорганизација на Фондот за иновации и технолошки развој и предлог за спојување со Агенцијата за поддршка на претприемништво.

Владата го задолжи Министерството за образование и наука во рок од 10 дена да формира работна група со претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Фондот за иновации и технолошки развој која ќе има за цел да изработи нов или измена и дополнување на Закон за иновациска дејност со кој ќе се регулира реорганизацијата на Фондот за иновации и технолошки развој.

Текстот Предложено е спојување на Фондот за иновации со Агенцијата за поддршка на претприемништво е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top