Облачно и постудено со температура до 12 степени

пред 3 години

Времето ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во позападните делови. Уште од изутрина ќе биде ветровито и студено со умерен до повремено засилен северен ветер најизразен во Повардарието. Во крајните источни делови ќе има услови за појава на краткотарен дожд, на планините во овие делови на слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
 
Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Share
Scroll to Top