(Видео) Мисајловски: 80.000 потписи за една недела е добар ветер во грб, да ставиме крај на политичкиот попис

пред 3 години

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на прес-конференција денеска во Ѓорче Петров рече дека за една недела се собрани над 80.000 потписи против државниот попис. Тој нагласи дека тоа е за поздрав и за восхит.

„ Денеска тука во Ѓорче Петров, повторно сме на терен заедно со претседателот на Општинскиот Комитет секако и пратеник Бојан Стојаноски, со Дафина Стојаноска пратеничката, и со претседателот на Градскиот Комитет на Скопје Владимир Нелоски, и со многу луѓе што ни се приклучуваат на оваа акција за еден куп потписи да собереме, за да ни дадат поддршка на нас пратениците да го бутнеме овој фалсификат попис.

Се разбира потоа ние ќе го доставиме овој закон и во Собранието и ќе се надеваме се разбира да има слух оваа власт, да не тера со главата во ѕид.

Сакам да ги охрабрам граѓаните уште помасовно да ни се приклучуваат бидејќи се уште трае оваа кампања и ќе продолжи во наредните две – три недели за да имаме што повеќе потписи. Еве додека јас зборувам, граѓани се потпишуваат и навистина ни даваат елан за да продолжиме со оваа акција.

Насекаде во Македонија се чувствува оваа атмосфера и се чувствува расположението дека сакаат промени во власта. Видовте вие што се случува со овој попис, пред неколку дена општинските организации или како да се нарекуваат оние на СДСМ почнаа да ставаат огласи за попишувачи. Ова значи дека не е статистичка операција, ова е сепак политичка операција што ја тера власта со оние во нивната коалиција. И на крај бројките ќе бидат да речам фингирани“ порача Мисајловски.

Share
Scroll to Top