Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа кај „Струма“

пред 2 години

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања откако беа констатирани проблеми во патната инфраструктура, кои можеле да придонесат за фаталната несреќа кај „Струма“, пренесуваат бугарските медиуми.

Дел од нив со најава дека министерката Комитова денеска треба да ги презентира првичните резултати од увидот на патната делница во која животот го загубија 45 лица.

Медиумите пренесуваат дека обележувањето на автопатот „Струма“ може да биде причина за трагичната несреќа.

Според новинарските записи по трагичниот инцидент, голем број експерти рекоа дека локацијата е спорна бидејќи патот не бил поправен откако била пуштен во употреба во 2007 година.

Меѓу забелешките на експертите се посочуваат обележувањето на патот кое не е завршено и заштитните огради кои не се заменети според новите правила, дел од нив ја споменуваат и поголемата дозволена брзина која не одговара на условите на патот.

Share
Scroll to Top