Јувентус распиша конкурс за нов напаѓач

Јувентус распиша конкурс за нов напаѓач

пред 1 недела

Јувентус почна да бара нови решенија во нападот. Италијанските медиуми пренесуваат дека на крајот од сезоната клубот ќе го напушти Полјакот Аркадиуш Милик кој сезонава воопшто не играше поради повреда на коленото, а многу веројатно е дека од клубот ќе замине и Душан Влаховиќ.

Главна цел на Јувентус е нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен, кој на крајот од оваа сезона се враќа во Наполи од позајмицата во Галатасарај. Осимен има откупна клаузула вредна 70 милиони евра за тимови надвор од Италија, па се шпекулира дека Јувентус го чека тешка битка околу евентуалниот трансфер на 26-годишниот Нигериец.

Се споменува и напаѓачот на Лајпциг, Словенецот Бенјамин Шешко, како и напаѓачите на Манчестер јунајтед, Холанѓанецот Џошуа Зиркзе и Данецот Расмус Хојлунд, кои имаат искуство во Серија А.

На радарот на Јувентус се и тројца италијански интернационалци, тандемот од Аталанта, Матео Ретеги и Џанлука Скамака, како и напаѓачот на Удинезе Лоренцо Лука.

Ваквите планови можат да значат и дека клубот нема да г откупи од ПСЖ договорот на рандал Коло Муани, кој беше стандарден кај Тиаго Мота, но го загуби местото во стартната постава откако екипата ја презеде Игор Тудор.

Јувентус моментално е на петтото место со 56 бодови, 12 помалку од водечкиот Интер.

Share
Scroll to Top