Автомобил завршил во тераса на ресторан: жена предизвикала несреќа во шпанско одморалиште, има загинати и повредени

Автомобил завршил во тераса на ресторан: жена предизвикала несреќа во шпанско одморалиште, има загинати и повредени

пред 1 ден

Две лица загинаа, а три се тешко повредени во несреќа што се случи во четвртокот вечерта на морскиот брег во градот Фуенхирола во Малага, откако автомобил удрил во столб, а потоа со голема брзина излетал од патот и удрил во терасата на еден ресторан.

По несреќата, уапсена е 45-годишна Иранка која го управувала возилото без возачка дозвола и била позитивна на алкохол, објавува шпанскиот портал „Диарио Сур“.

Според објавата на Градскиот совет на Коста дел Сол на социјалните мрежи, во несреќата загинале 47-годишна жена, која била патничка во автомобилот вклучен во несреќата, и 25-годишен пешак.

Покрај тоа, уште три лица беа „сериозно повредени“ и им беше укажана итна медицинска помош.

Локалната полиција на Фуенхирола започна истрага за да ги разјасни причините за несреќата. На местото на настанот беа испратени националната полиција и пожарникарите.

Текстот Автомобил завршил во тераса на ресторан: жена предизвикала несреќа во шпанско одморалиште, има загинати и повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top