Германски министри по победата на Бајден: Мас тврди дека нема да се промени сè, Алтмаер загрижен

пред 3 години

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави дека нема сè да се промени со избраниот американски претседател Џозеф Бајден, но дека многу работи ќе бидат подобри.

Тој за германската телевизија Дојчландфунк оцени дека дискусијата за трошење пари за одбрана во рамките на НАТО нема да се промени, туку дека ќе се спроведе на поинаков начин. Според Мас, дебатата за трошоците на одбраната нема да биде толку во фокусот на Бајден.

Американскиот претседател Доналд Трамп честопати ја критикуваше Германија дека не ги зголемила трошоците за одбрана на два проценти во рамките на НАТО-алијансата.

Германскиот министер за економија Питер Алтмаер изјави дека е загрижен за нестабилноста што се појави по изборите во САД и додаде дека ситуацијата може да трае со месеци.

„Можеби не знаеме во која насока ќе оди американската политика до пролетта“, рече Алтмаер.

Трамп во саботата вети дека ќе оди до крај за да ги оспори изборните резултати, за кои тврди дека биле украдени.

На прашањето дали смета дека трговската војна може да заврши со доаѓањето на Бајден, Алтмајер рече дека смета оти ситуацијата со администрацијата на Бајден ќе се врати на посилниот мултилатерализам. Тој исто така истакна дека желбата на Бајден да се врати во Парискиот климатски договор е од клучно значење.

Share
Scroll to Top