Азербејџан ослободи 23 села од ерменската окупација

пред 3 години

Претседателот на Азербејџан објави дека трупите на неговата земја ослободиле уште 23 села од ерменската окупација, пренесува „Анадолија“.

Азербејџанската армија ослободи пет града, три гратчиња и речиси 240 села, како и некои стратешки ридови од окупацијата на ерменските сили откако започна операцијата во регионот Нагорно- Карабах на 27 септември.

Односите меѓу двете поранешни советски републики околу Нагорно- Карабах остануваат напнати од 1991 година, но на 27 септември започнаа нови судири. Оттогаш, Ерменија повеќепати напаѓаше азербејџански цивили и сили, дури прекрши три хуманитарни договори за прекин на огнот.

Околу 20 отсто од територијата на Азербејџан – вклучувајќи го Нагорно- Карабах и седум соседни региони – е под ерменска окупација речиси три децении.

Додека светските сили повикуваат на одржлив прекин на огнот, Турција го поддржа правото на Баку на самоодбрана и побара повлекување на окупаторските сили на Ерменија. Повеќе резолуции на ОН исто така повикуваат на безусловно повлекување на силите на напаѓачот.

Share
Scroll to Top