Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

пред 4 години

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во Црна Гора.

Повикувајќи се на своите откритија, порталот од Подгорица пишува дека неговите неименувани извори велат дека митрополитот е „привилегиран во однос на другите пациенти кои сè уште немаат можност да се лекуваат со терапија со ремдесивир“.

Митрополитот се лекува во Клиничкиот центар на Црна Гора, а ЦдМ го поставува прашањето „како и зошто ремдесивирот е достапен само за митрополитот, а не и за другите граѓани кои имаат потешка клиничка слика и се лекуваат од коронавирус“. Особено, велат тие, ако се знае дека нема официјален лек во здравствениот систем на Црна Гора.

Потсетуваат дека, со согласност на Националното координативно тело за борба против заразни болести, Владата на Црна Гора пред неколку дена ја извести јавноста дека обезбеди средства за набавка на „ремдесивир“ и дека цената на лекот е иста за сите земји.

Share
Scroll to Top